На Западниот брег убиен палестински напаѓач, ранет израелски чувар

Од:

Палестински напаѓач загина кога со својот автомобил удрил во друго возило што минувало низ контролен пункт на Западниот Брег, а израелски чувар бил тешко повреден во инцидентот, соопштија безбедносните власти.

Припадници на безбедносните сили пукале во палестинскиот возач и го убиле.

Палестинските медиуми го идентификуваа како 16-годишниот Мухамед Нидал Јунис. Министерството за одбрана на Израел, кое управува со контролниот пункт, соопшти дека тој е од Наблус.

Израелската брза помош соопшти дека чуварот се здобил со повреди на главата и градниот кош, но оти е во стабилна состојба и свесен во болницата во близина на Тел Авив.

Генералниот директор на Министерството за одбрана Амир Ешел го посети местото на нападот и изјави дека чуварите на пунктот реагирале брзо и решително и оти се истражуваат околностите на инцидентот.

Нападот утринава се случи два дена откако Палестинец со нож нападна Евреин во близина на Стариот град во Ерусалим.

Напаѓачот беше убиен од двајца израелски гранични полицајци кои потоа беа приведени на сослушување бидејќи беше објавена снимка на која се гледа дека тие неколкупати пукаат во Палестинецот додека тој веќе лежи на земја и ја спречиле брзата помош да му се приближи.

На видеото кое подоцна го објави и полицијата се гледа дека напаѓачот се обидел со нож да избоде еден од граничните полицајци.

Израелскиот премиер Нафтали Бенет и другите високи функционери го пофалија полицискиот одговор на нападот.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Над 300 тела пронајдени во масовна гробница кај болница во Газа

Израелската полиција уапсила две лица кои со своето возило налетале на тројца пешаци

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски