На СЗО му требаат над 30 милијарди долари за борбата против коронавирусот догодина

Од:

Коалицијата што се бори против коронавирусот, предводена од Светската здравствена организација (СЗО), има потреба од 31,3 милијарди американски долари во текот на следната година за да развие и спроведе тестови, третман и вакцини, соопшти денеска организацијата.

СЗО соопшти дека досега се собрани 3,4 милијарди американски долари, но дека недостигаат 27,9 милијарди, од кои 13,7 се итно потребни.

„Иницијативата на СЗО има за цел да ја зголеми испораката на 500 милиони тестови и 245 милиони планови за третман на земјите со ниски и средни приходи до средината на 2021 година“, се наведува во соопштението.

СЗО исто така, како што се додава, има за цел до крајот на 2021 година зголемување на испораката на две милијарди дози вакцина, вклучително и една милијарда дози што треба да ги купат земјите со ниски и средни приходи. 

Би можело да ве интересира

СЗО: Подгответе се за „болеста Х“

СЗО не може да достави медицинска помош во Газа веќе 12 дена

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Зголемување на пневмониите во Кина, болниците полни со деца: Нема нови вируси соопшти СЗО

Катерина Ѓуровски

Шуга и жолтица се појавија во Газа

Катерина Ѓуровски

СЗО нема контакт со медицинскиот персонал во болницата Ал-Шифа

ВИДЕО: Израелците ја бомбардираа најголемата болница во Газа потврди СЗО