На северот на Сирија убиени двајца турски војници

Од:

Двајца турски војници загинаа, а двајца други се ранети во напад врз нивното оклопно возило во северна Сирија, по што турските сили возвратија на огнот, јави синоќа турското Министерство за одбрана.

Нападот се случил во регионот каде што Турција во 2016 година ја почна прекуграничната операција „Штитот на Еуфрат“, чија цел беше одбивање на терористичката група Исламска држава и курдската милиција во Сирија (ЈПГ).

Турските медиуми јавија дека нападот се случил во областа ал-Баб.

Анкара, која се уште е присутна во северна Сирија, курдската милиција (ЈПГ) ја смета за терористичка група, поврзана со вооружени бунтовници во Турција.

Би можело да ве интересира

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

ВИДЕО: Експлозија на пазар во Сирија, најмалку седуммина мртви и 30 повредени

Израел нападна сириски град, 38 загинати

ВИДЕО: Израел го нападна Дамаск

Британски специјалци под истрага за воени злосторства во Сирија

Катерина Ѓуровски

Ирански полковник загина во израелски воздушен напад врз сириски пристанишен град