На Русија и е вратено правото на глас во Советот на Европа

Од:

Советот на Европа денеска усвои декларација со која на Русија и се враќа правото на глас во Советот на Европа.

Министрите за надворешни работи од 47 земји членки на Советот на Европа со големо мнозинство ја поддржаа декларацијата во која се наведува дека сите членови треба да имаат „право да учествуваат“ во двата главни органи на СЕ на „рамноправна основа“.

Тоа значи дека на Русија и е вратено правото на глас.

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров го поздрави гласањето и ги потврди обврските на Русија, вклучително и плаќањето на членарината.

Тој посочи дека Русија го цени „позитивниот придонес“ на СЕ во решавањето на хуманитарните прашања како и подобрување на рускиот правосуден систем.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков истакна дека Русија е подготвена да соработува со Советот на Европа само додека има „рамноправен став“ во сите механизми за одлучување.

Шефот на украинската дипломатија Павло Климкин вчера неочекувано го откажа присуството на состанокот во Финска.

Украинскиот амбасадор во Советот на Европа, Дмитро Кулеба на Твитер напиша дека Украина и уште пет земја гласале против предлогот, кој го опиша како „цинична дипломатија“ за да се спаси „долгорочниот партнер“.

Би можело да ве интересира

Русинките ќе можат да бидат камионџии, морнари и машиновозачи

Татјана Ташкова

Путин и Макрон в понеделник ќе разговараат за европската безбедност и соработка

Захарова со одговор по обвинението дека Русија украла американска технологија

Русија ги покани Трамп и Ким на прославата на „Денот на победата“

Пилотите кои принудно слетаа во поле одликувани со титулата „Херој на Русија“

Татјана Ташкова

Нападнат дански брод во Камерун, грабнати осум членови на екипажот