На „Рајанер“ му се заканува прекин на летови кон Италија поради непочитување правила против Ковид-19

Од:

Италијанската државна управа за цивилно воздухопловство и се закани со ирската компанија Рајанер со поништување на одобрувањето за летови во државата поради непочитување на правилата за безбедност утврдени за време на епидемијата на коронавирус.

Во изјавата, тие наведуваат дека Рајанер е известен „во исто време и ирските власти за прекршувања на епидемиолошките правила за борба против Ковид-19 кои се на сила и утврдени од италијанската Влада да го заштитат здравјето на патниците“.

„Не само што не се почитува задолжителното растојание меѓу патниците, туку се игнорираат и условите за отстапување од тоа правило“.

Тие наведуваат дека доколку се утврди ново кршење на безбедносните правила, ќе мора да ги применат одредбите од Законот за воздушен сообраќај и да наредат прекин на сите активности на летање во сообраќајот на Рајанер на италијанските национални аеродроми.

Би можело да ве интересира

Железничка несреќа во Италија, повредени 17 лица

ВИДЕО: Италијанското оперско пеење доби статус на културно наследство на УНЕСКО

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Пожар во болница во близина на Рим, тројца мртви

Во Италија врне снег, ветрот беснее, а се закануваат и поплави

Земјотрес ја потресе централна Италија

(ВИДЕО) Пронајден е лавот кој побегна од циркус во близина на Рим