На поранешниот француски премиер Баладур ќе му се суди за „аферата Карачи“

Од:

На поранешниот француски премиер Едуар Баладур ќе му се суди под обвинение дека зел мито од договори за оружје во 90-те години за да финансира кампања за претседател, случај познат како „афера Карачи“.

Баладур (91) со ова се приклучува на долгиот список на високи француски политичари против кои се водат процеси меѓу кои и поранешниот претседател Никола Саркози и неговиот претходник Жак Ширак.

На конзервативниот екс-премиер ќе му се суди во Париз, во трибунал за сослушување случаи на злоупотреба на министерски функции.

Исто така, на обвинителна клупа ќе биде и неговиот поранешен министер за одбрана Франсоа Леотар (78), иако неговото присуство на отворањето на судењето е неизвесно поради болест.

Баладур ќе се појави на суд утре за „да се соочи со судиите и да одговори на нивните прашања“, рече неговиот адвокат Феликс де Белој.

Двете лица беа обвинети во 2017 година за „соучество во злоупотреба на корпоративни средства“ за продажба на подморници на Пакистан и фрегати на Саудиска Арабија помеѓу 1993 и 1995 година, кога Баладур беше премиер во последните години од претседателствувањето на Франсоа Митеран.

Осомничени се за поткуп од 13 милиони франци, (сега околу 2,8 милиони евра).

Се верува дека сумата вклучува готовина од околу 10 милиони франци за неуспешната претседателска кампања на Баладур против Ширак во 1995 година.

Баладур, кој исто така треба да одговори на обвинението дека ги криел злосторствата, негираше какво било злосторство, велејќи дека 10-те милиони франци се од продажба на маици и други предмети на предизборните митинзи.

Би можело да ве интересира

Во Франција засилени безбедносни сили пред сите католички и протестантски цркви за време на Велигден

Франција ја подигна безбедноста на највисоко ниво

Во Франција се уапсени 13 лица осомничени дека се членови на нарко-банда од Марсеј

(ВИДЕО) Драма во Франција: Поплава однесе татко и две деца

Франција абортусот го прогласи за уставно право

ВИДЕО: Во Франција горат 900 тони литиумски батерии