На Мариупол му се заканува голема епидемија на колера предупредуваат Британците

Од:

Британското Министерство за одбрана ги објави најновите информации за војната во Украина. Се наведува дека Русија не обезбедува основни јавни услуги во деловите од земјата што ги окупира и се предупредува на голема пандемија на колера. Британците посочуваат и дека борбите околу Северодонецк продолжуваат.

„Русија ја враќа контролата врз поголемиот дел од градот, но нејзините сили постигнаа мал напредок во обидот да ја опколат пошироката област од север и југ“, се вели во извештајот.

Се наведува дека веројатно има критичен недостиг на лекови во Херсон, додека на Мариупол му се заканува епидемија на колера.

„Русија се бори да обезбеди основни јавни услуги за населението на окупираните територии. Пристапот до безбедна вода за пиење е неконзистентен бидејќи големите прекини во телефонските и интернет услугите продолжуваат. Од мај се пријавени изолирани случаи на колера“, се додава.

„Украина претрпе голема епидемија на колера во 1995 година и оттогаш доживеа помали епидемии, особено околу Азовското Море – кое го вклучува и Мариупол. Медицинските услуги во Мариупол веројатно се блиску до колапс: голема епидемија на колера во Мариупол ќе ја влоши ситуацијата“ – предупредува британското разузнавање.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Нов руски напад на Харков, убиено 12-годишно момче

Катерина Ѓуровски

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се целосна глупост

Русија издаде налог за апсење на шефот на украинската служба за безбедност поради тероризам

Кремљ: Мировни преговори за Украина без учество на Русија се апсурдни

Терористите на ИСИЛ влегуваат во Европа преправајќи се дека се Украинци

Рускиот амбасадор не одговорил на повикот на Полска: Прво понудете докази

Предраг Петровиќ