На Капитол Хил има приврзаници на Трамп и демонстранти

Од:

Приврзаници на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп се собираат денеска на Капитол Хил во Вашингтон каде ќе присуствуваат на неговата инаугурација, додека десетици демократски пратеници ја бојкотираат церемонијата. Демонстранти се обидуваат да го блокираат пристапот до локацијата каде Трамп ќе даде заклетва.

Поддржувачите на Трамп кои се дојдени од сите страни на САД, почнаа да формираат редови кај безбедносните контролни пунктови уште рано утрото по локално време, а дел од нив носат црвени капи со натпис „Да ја направиле Америка повторно голема“, што беше и слоган на кампањат ана Трамп.

Меѓутоа, поранија и демонстрантите меѓу кои имаше и лица што сакаа да спречат луѓе кои доаѓаат на инаугурацијата и да преминат преку безбедносните пунктови. Дел од демонстрантите носат портокалови јакни со црни качулки. Еден демонстрант донел дури три лами, јави Си-Ен-Ен.

Еленор Голдфилд еден од органзиаторите на протестите, вели дека демонстрантите сакаат да покажат дека нема да молчат за време на мандатот на Трамп, а приврзаниците на Трамп ги нарече „лошо информирани“.

Трамп го почна инаугурацискиот ден со твит во кој порачува: – Се почнува денеска.Се гледаме на заклетвата во 11 часот. Движењето продолжува – работата почнува, напиша Трамп на Твитер.

Трамп заедно со сопругата Меланија ќе го почне денот со посета на црквата Свети Јован што се наоѓа спроти Белата куќа. Потоа во Белата куќа ќе се состане со досегашниот претседател Барак Обама пред заедно да тргнат кон Капитол на церемонија на заклетвата.

Би можело да ве интересира

Иран: Нема да се двоумиме, САД мора да ги прифати последиците

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Најмалку 52 лица загинаа во ураганот Хелена, речиси пет милиони луѓе останаа без струја

САД ќе ја поддржи Македонија во обидот да се пробие блокадата на патот кон ЕУ, порача Касаноф на Сиљановска

Експлозија во судница во Калифорнија, двајца повредени

Русија: Нема да се спасите, нуклеарна војна не смее да се случи бидејќи нема да има победници

Горан Наумовски