На југоисточниот дел на Австралија му се закануваат поплави

Од:

Стотици домови во југоисточна Австралија денеска останаа без струја, а жителите подготвуваат вреќи со песок откако невреме го зафати регионот, носејќи предупредувања за пообилни дождови, силен ветер и нови поплави.

Најпогодени ќе бидат државата Викторија и островската држава Тасманија. Во некои области на Викторија за 24 часа веќе наврнале 140 милиметри дожд, што е двојно повеќе од просечните врнежи за октомври, соопшти Метеоролошката служба.

– Доаѓа уште многу. Има значителна загриженост низ југоисточна Австралија, предупреди прогнозерот Џонатан Хау на телевизијата Еј-Би-Си.

Разорни поплави постојано го погодуваа источниот брег на Австралија од почетокот на минатата година поради повеќегодишниот климатски феномен Ел Нињо, кој редовно носи повеќе дождови.

Голем дел од Викторија, најнаселената држава во Австралија, се очекува да има до 80 милиметри дожд во петок, а делови од Тасманија до 300 мм, се вели во најновиот извештај на Метеоролошката служба.

Премиерот на Викторија, Даниел Ендрјус, рече дека следува „една од најзначајните поплави во последно време“, а властите ги повикаа жителите да не патуваат освен ако не мораат.

Службите за итни случаи спасија жена чие возило било заглавено во поплава во Викторија.

Некои брани почнаа да се прелеваат за првпат по децении, а жителите набавуваат вреќи со песок од службите за итни случаи за да го заштитат својот имот.

Локалните медиуми јавуваат дека во некои делови на Викторија недостасуваат вреќи со песок.

Компанијата за дистрибуција на електрична енергија „Пауеркор“ соопшти дека 475 корисници останале без струја откако ветрови со брзина од 100 километри на час урнале дрвја и далноводи.

Во Тасманија, итните служби издадоа предупредување за евакуација на некои жители во два рурални града на северот, а полицијата почна да затвора неколку патишта поради поплави.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Момчето кое уби епископ е обвинето за тероризам, oдлучија обвинителите од Сиднеј

Нападот на епископ во црква во Сиднеј е терористички чин оцени полицијата

ВИДЕО: Идентификуван напаѓачот од Сиднеј, уби шестмина и избоде деветмесечно бебе

ФОТО: Полицајката од Сиднеј го совладува напаѓачот

А1он

ВИДЕО: Напад со нож во Сиднеј, еден напаѓач убиен, другиот избегал

А1он

ВИДЕО: Избезумени коали се држат за дрвја за време на сеча