На изборите во Индија победи партијата на премиерот Моди

Од:

Индиската народна партија (БЈП), на премиерот Нарендра Моди, победи на општите избори, изјави функционерката на партијата и министерка за надворешни работи Сушма Свараџ.

– Му честитам на премиерот што донесе голема победа за партијата. Благодарна сум на луѓето во Индија, рече Свараџ.

Во исто време, регионалниот лидер на главната опозициска Конгресна партија, Амариндер Синг го призна поразот на неговата партија.

– Ја изгубивме битката, рече Синг, премиер на државата Пенџаб.

Гласањето на општите избори во Индија заврши на 19 мај со седмата и последна фаза која траеше повеќе од пет недели.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пожар избувна во индиската фабрика за iPhone

Горан Наумовски

Голем број мртви и повредени од експлозија во фармацевтска фабрика во Индија

Индија: Бројот на жртви од лизгање на земјиштето се искачи на 151, додека 187 се исчезнати

Заврши најскапата свадба на светот: Веселбите траат од март

Индија: 34 лица починаа, а 80 завршија во болница откако пиеле отровен алкохол

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Се судрија возови во Индија, најмалку 15 загинати