На Франција и се закануваaт уште поголеми протести, Макрон го потпиша Законот за пензии

Од:

Францускиот претседател Емануел Макрон го потпиша контроверзен закон со кој се зголемува старосната граница за пензионирање за две години.

Објавувањето на законот дојде откако Уставниот совет на Франција во петокот ја поддржа владината мерка која предизвика повеќемесечни жестоки дебати и протести и помина во парламентот без гласање поради недостиг на мнозинство, објави владиниот службен весник.

Околу 4.000 луѓе се собраа вчера пред зградата на Градскиот совет во Париз, откако Уставниот суд одобри зголемување на старосната граница за пензионирање од 62 на 64 години и го одби барањето за распишување референдум.

Демонстрантите запалија канти за ѓубре и извикуваа слогани во центарот на Париз во петокот вечер. Протести се одржаа и во Рен, Лион, Ница и други француски градови.

Би можело да ве интересира

Младо момче најавило самоубиствен напад за време на Олимписките игри во Париз

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор

Макрон ќе испрати 1.500 војници во Украина до крајот на април

Горан Наумовски

Почина девојче во Франција кое беше силувано и истепано