На Филипини уапсени 342 кинески државјани поради нелиценцирано коцкање

Од:

Властите на Филипини денеска соопштија дека се уапсени 342 државјани на Кина во рација спроведена поради нелиценцирано коцкање.

Тие се уапсени синоќа во регистрирана компанија за коцкање, која сè уште нема добиено дозвола од државен регулатор за коцкање.

– Имавме причина да се сомневаме дека компанијата е параван за нелегални кибер активности и инвестициски измами, рече шефот на одделот за разузнавање при Бирото за имиграција, Фортунато Манахан.

Лиценцираното коцкање преку Интернет беше воведено во 2016 година, меѓутоа, нелегалните бизниси привлекоа голем број кинески мигранти, а агенциите за спроведување на законот и кинеската Влада се сомневаат дека некои од нив се параван за криминал, вклучително и перење пари.

Би можело да ве интересира

Тропска бура ги погоди Филипините, најмалку 13 загинати

Брод на кинеската крајбрежна стража намерно се судри со брод на филипинските колеги

Горан Наумовски

Екстремни горештини на Филипините

Во свлечиште на Филипините загинаа 11 лица, а 110 се исчезнати

(ВИДЕО) Бизарна пресметка на далечниот исток: Кинезите со воден топ „пукаат“ во филипински брод

(ВИДЕО) Силен земјотрес на Филипини

Горан Наумовски