На донаторската конференција во Женева собрани помалку пари за хуманитарна помош за Јемен

Од:

Над 130 земји-донатори и хгуманитарни организации собраа 1,35 милијарди американски долари хуманитарна помош за Јемен, помалку од сумата што ја побараа ОН за да се спречи хуманитарната катастрофа во оваа земја, објави Би-Би-Си.

Координаторот на програмата за итна хуманитарна помош за Јемен, Марк Лукок, предупреди дека доколку не се соберат доволно пари на Јемен му се заканува „ стравична ситуација“.

Петгодишната граѓанска војна ги уништи општеството и економијата во оваа сиромашна земја и ја предизвика најголемата хуманитарна криза на планетата затоа што 24 милиони јеменски граѓани ги немаат основните продукти за преживување, а во овој момент земјата се соочува и со епидемија на коронавирус.

ОН предупредија дека епидемијата никаде нема толку брзо да се шири, со исто толку смртоносни последици, како во Јемен. Локалните власти досега пријавиле 403 заразени и 88 смртни случаи од Ковид-19, но вистинскиот број се верува дека е далеку поголем, бидејќи бројот на тестирани лица во Јемен е меѓу најниските во светот.

Повеќе од 130 влади и хуманитарни организации учествуваа на вчерашната донаторска конференција за Јемен.

Би можело да ве интересира

Жесток напад на САД и Британија на неколку градови во Јемен, има мртви

Катерина Ѓуровски

САД и Велика Британија започнаа нови напади врз Хутите во Јемен

(ВИДЕО) Иран ги трие рацете; Хутите ја запленија американската „жолта направа“

Нови напади во Јемен, експлозија во Црвеното Море: Погоден американски брод

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Одмазда за погодениот танкер: американско-британски воздушен напад врз важно пристаниште во Јемен

Јеменските бунтовници се заканија: Американските и британските воздушни напади „нема да останат без одговор“