На британските дипломати им забранија да го користат зборот „брегзит“

Од:

Британскиот Форин офис објави нови упатства за јазикот што вработените го користат кога зборуваат за излегување на Велика Британија од Европската унија, а меѓу забранетите зборови е и – брегзит, објави британскиот весник Гардијан.

Покрај зборот „брегзит“, на вработените не им е дозволено да користат одредени зборови и фрази, како што се „период на спроведување“, „исход без договор“ или „посебно партнерство“.

„Брегзит заврши, затоа не го користиме тој термин. Зачувајте го како историски настан што се случи на 31 јануари 2020 година”, се вели во одредбата.

Во новите упатства се вели дека не треба да се користи изразот „со или без договор“. Покрај тоа, зборот „партнерство“ не е дозволен кога се однесува на односите со ЕУ во иднина.

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Кое оружје го користеа САД и Велика Британија за да ги нападнат Хутите

А1он