На Асанж му е одбиена кауција за пуштање на слобода

Од:

На основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, денеска му беше одбиена кауцијата која неговите адвокати ја побараа за да биде пуштен на слобода поради ризик од зараза со коронавирус во затворот.

Судијката Ванеса Барисер рече дека на Асанж му е одбиена кауцијата затоа што глобалната пандемија на коронавирусот не е основа за такво барање.

Таа истакна дека таквата одлука е донесена и поради претходното однесување на Асанж, кога ги прекршил правилата за кауција во обид да избегне екстрадиција во Шведска во 2012 година.

Судот смета дека постои основано сомнение дека тој може да се обиде и овој пат да направи нешто слично.

Џулијан Асанж е во затворот Белмарш во Лондон.

Би можело да ве интересира

САД му дадоа гаранции на британскиот суд за Џулијан Асанж

Бајден: Размислуваме да се откажеме од гонењето на Џулијан Асанж

Сопругата на Асанж: Џулијан е политички затвореник, Бајден да се откаже од случајот

Асанж би можел да избегне екстрадиција

Два напади со самострел во Лондон

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Гори полициска станица во Лондон, пожарот го гаснат 175 пожарникари

Горан Наумовски