Американски дипломати во Кина анално тестирани за корона, Пекинг вели: било по грешка

Од:

Американскиот весник „Вашингтон Пост“ минатата недела објави дека неколку членови на персоналот на американската амбасада во Пекинг се пожалиле во Стејт департментот дека биле подложени на анални тестови со брис за утврдување на присуство на коронавирусот.

Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Жао Лиан го негираше тоа и тогаш изјави дека „Кина никогаш не побарала од американските дипломати да се тестираат со анален брис“.

– Стејт департментот никогаш не се согласи на овој вид тестирање и ние директно протестиравме до Министерството за надворешни работи на Кина кога дознавме дека дел од персоналот бил подложен на ваков тест, изјави портпаролот на Стејт департментот за американскиот портал Вајс .

Особено интересно е што американскиот портпарол рече дека Пекинг го уверил Вашингтон оти тестирањето е спроведено „по грешка“ и дека дипломатскиот персонал е ослободен од анално тестирање, кое е задолжително за патниците кои пристигнуваат во некои делови на Кина. Тоа би значело дека кинескиот портпарол лажел вчера кога ги негирал ваквите обвинувања, посочуваат американските медиуми.

Кинеските лекари сметаат дека овој метод на тестирање е поточен отколку брис од нос, односно со помалку лажни негативни резултати – и покрај фактот дека овој брис е, се разбира, понепријатен и поинтензивен.

Аналното тестирање е задолжително во некои кинески региони, како и за луѓето во карантин.

Кинеската национална здравствена комисија соопшти дека во некои случаи, коронавирусот може полесно да се открие во анални примероци отколку во примероци од брисеви од нос и грло. Сепак, таа призна дека аналните брисеви не се погодни за масовно тестирање поради непријатноста и непопуларноста.

Според упатствата на кинеската комисија, аналните примероци се собираат со вметнување на памучен брис, три до пет сантиметри длабоко во ректумот.

Инаку, Кина, комбинирајќи строга блокада на почетокот на пандемијата и масовното тестирање во подоцнежната фаза, успешно го запре првиот бран на епидемијата на коронавирус во април и го спречи вториот бран што го погоди остатокот од светот, односно северната хемисфера, минатата есен.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Едно лице загина откако цистерна со нафта експлодира на автопат во Алабама

САД одделно ќе гласа за помош на Украина и Израел, републиканците на Трамп се закануваат

Спектакуларно бегство на затворен од САД

Кина жестоко го критикуваше Израел, но не ги спомна иранските напади

Горан Наумовски

САД: Очекуваме Иран да го нападне Израел

САД: Му кажавме на Иран дека не учествуваме во нападот на конзулатот во Дамаск