На 13 октомври ќе се одржат парламентарни избори во Полска

Од:

Кабинетот на полскиот претседател Анджреј Дуда соопшти денеска дека парламентарните избори во земјата ќе се одржат на 13 октомври.

Повеќето анкети предвидуваат дека владејачката партија, Партијата на законот и правдата, ќе победи, благодарение на социјалните придонеси и силниот економски развој.

Од преземањето на власта, партијата е во судир со ЕУ во врска со судските реформи, како и миграциската и еколошката политика.

„Претседателот штотуку потпиша одлука за одржување на изборите на 13 октомври“, изјави портпаролот на полскиот претседател.

Најновата анкета на ИБРИС минатата недела покажа дека владејачката партија ќе освои 41,7 проценти од гласовите, додека водечката опозициска група, Граѓанската коалиција, ќе добие 25 проценти.

Би можело да ве интересира

Полски министер за одбрана: Полјаците се огорчени кога гледаат млади Украинци во кафулињата

Горан Наумовски

Сиљановска води во сите скопски општини: Предност пред Пендаровски има и во Чаир, Сарај, Шуто Оризари

Пендаровски: Резултатите не се како што очекувавме, веројатно разликата ќе биде околу 130 илјади гласови

Александар Тодески

Касами: ДУИ има купено гласови, Влен ги доби гласовите на Албанците

Александар Тодески

Сиљановска-Давкова: Жените беа мојата инспирација, нема да се однесуваме ние како мажите низ историјата

Орце Костов

Османи: Европскиот фронт ја победи коалицијата Вреди со над 40.000 гласа, волјата на граѓаните е јасна и треба да се почитува