На 1. октомври ќе се одржи референдум за независност на Каталонија

Од:

Премиерот на автономната шпанска област Каталонија Карлес Пучдемон изјави дека на 1 окотмври ќе биде спроведен референдум за независност на североисточната шпанска област и покрај забраната од судот.

– Прашањето кое ќе им биде поставено на Каталонците ќе гласи: Дали сакате Каталонија да биде независна држава со републиканско управување?, наведе Пучдемон, истакнувајќи дека тие имаат право на референдум за самоопределување.

Засега нема коментари од конзервативната центристичка Влада на шпанскиот премиер Мариано Рахој.

Владата во Мадрид претходно соопшти дека нема да дозволи спроведување на референдум, бидејќи тоа е противуставно.

Пучдемон нагласи дека е подготвен на дијалог со Мадрид, но дека референдумот не е предмет на преговори.

Имено, 44,3 отсто од Каталонците ја поддржуваат независноста, а 48,5 проценти се против неа, покажува последното истражување на владиниот Институт.

Би можело да ве интересира

Се повеќе антитуристички протести во Шпанија

Шпанија до јули ќе ја признае Палестина

Шпанската полиција упадна во Шпанскиот фудбалски сојуз, уапси најмалку шест лица

Горан Наумовски

Шпанскиот парламент донесе одлука за амнестија на организаторите на референдумот во Каталонија

(ВИДЕО) Петгодишно момче, неговиот татко и баба загинаа во пожар во Шпанија

ВИДЕО: Mоментот кога пожарникарите спасуваат двајца луѓе од запалената зграда во Валенсија

Катерина Ѓуровски