Музејот на Саркози нема да се гради

Од:

„Домот на историјата на Франција“, музеј кој го посакуваше поранешниот француски претседател нема да се гради, неговото основање официјално ќе биде поништено во Службениот весник на Франција со декрет на 31 декември 2012 година, јави дописникот на МИА од Париз.

Проектот за музеј на историјата на Франција, беше критикуван од самиот почеток од страна на историчарите кои сметаа дека може да се прави политичка злоупотреба на начинот на кој ќе биде претставена историјата на Франција, тој предвидуваше создавање на една галерија на времињата, за што беше основана јавна инстируција на 1 јануари 2012 година.

Никола Саркози во септември 2010 година го избра седиштето на националниот архив во Париз како седиште на музејот, што предизвика незадоволство на вработените. Отворањето за јавноста беше предвидено за 2015 година.

Министерката за култура и комуникација, Орели Филипети, најави напуштање на проектот уште во август, кој според предвидувањата требаше да чини околу 80 милиони евра, од кои веќе беа потрошени за пред проектот седум милиони.

Овој проект ќе биде заменет со поврзување во мрежа на повеќе француски национални музеи посветени на историјата на Франција преку интернет. Во ова мрежа беа запишани девет национални музеи, Клуни во Париз (средниот век) Сан-Жермен ан Ле (археологија), Екуан (ренесанса), Лес Ејзи-де-Тајак (праисторија) и замоците од Фонтенбло и Компиењ.

Пред Саркози, Жак Ширак го доби својот музеј посветен на примитивната уметност на Кејот Бранли, додека Франсоа Митеран ја започна обновата на Лувр и стаклената пирамида. Со оваа одлука на француската Влада, Никола Саркози останува без музеј.

Би можело да ве интересира

Голема операција во Франција: Уапсени 80 мажи осомничени за злоупотреба на деца

Измамниците во Франција на старите лица им наплаќале од 300 до 2.100 евра за уништување на бубачки

Горан Наумовски

Бомгартнер: Патот по кој треба да се чекори е оној кон ЕУ

Брутално убиен навивач: Му забодеа нож во грб

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Туристи нападнати во близина на Ајфеловата кула, eден загина, двајца се повредени

Француски професор убиен затоа што покажувал карикатури на пророкот Мухамед

Горан Наумовски