Музеите, кината, спортските објекти и рестораните во Франција остануваат затворени до крајот на месецот

Од:

Премиерот на француската влада Жан Кастекс соопшти вечерва дека музеите, кината, спортските и рекреативните објект во Франција ќе останат затворени до крајот на месецот.

-Мора да најдеме динамика на опаѓање на епидемијата. За да се постигне ова, сите активности и установи кои сега се затворени ќе останат затворени до крајот на месецот. Музеите, кината, театрите, спортските и рекреативните објекти нема да доживеат никакво олеснување во наредните недели, најави францускиот премиер.

Истото важи и за спортските сали.

Рестораните и баровите можат да се надеваат на евентуална минимална активност во средината на февруари.

На 20 јануари ќе се види дали е можно повторно отворање на ски-лифтовите за на почетокот на февруари.

Според Кастекс во текот на целиот овој период, владата ќе продолжи да обезбедува економска поддршка за сите чинители директно погодени од овие мерки, без оглед дали станува збор за фондот за солидарност или за делумна активност, под истите услови како и во моментов.

Тој притоа нагласи дека ситуацијата со епидемијата не се нормализира и дека контаминациите се сеуште високи со околу 15 000 нови случаи дневно.

Така, уште десетина департмани од Источна Франција можат да се најдат под мерката на полициски час од 18 до 6 часот.

Границата со Велика Британија ќе остане и понатаму затворена.

Министерот за здравство Оливие Веран, потврди дека досега во Франција се откриени 19 случаи на англиската варијанта на Ковид-19.

Франција има нарачано 200 милиони дози од вакцината против Ковид-19, а до крајот на месецот владата смета дека во државата ќе бидат вакцинирани еден милион лица.

Би можело да ве интересира

Во Франција засилени безбедносни сили пред сите католички и протестантски цркви за време на Велигден

Франција ја подигна безбедноста на највисоко ниво

Во Франција се уапсени 13 лица осомничени дека се членови на нарко-банда од Марсеј

(ВИДЕО) Драма во Франција: Поплава однесе татко и две деца

Франција абортусот го прогласи за уставно право

ВИДЕО: Во Франција горат 900 тони литиумски батерии