Мутаки: Турција може да има активна улога во обновата на Авганистан

Од:

Турција со ресурсите што ги има може да има активна улога во инвестирањето, реализација на дел од проектите и во обновата на Авганистан, изјави вршителот на должност министер за надворешни работи Амир Хан Мутаки во интервју за турската новинска агенција Анадолија.

Тој додаде дека официјалното признание на неговата влада и меѓународната помош имаат големо значење за обнова на авганистанската економија.

Мутаки на 14 октомври ја предводеше талибанската делегација во официјална посета на Турција. Тој имаше средба со шефот на турската дипломатија Мевљут Чавушоглу, на која се разговараше за официјално признавање на талибанците.

– Како што кажавме на нашите средби изминатите денови со делегациите на САД и на Европска Унија во Доха и на нашите состаноци во Турција, државите во светот се создадени со сила, со државен удар или со избори, во кои доминираа едно лице или фамилија. Зошто таквите земјите се признаени, а владата во Авганистан продолжува да биде само фиктивна држава, истакна Мутаки.

Тој додаде дека тоа е узурпација на Авганистанците и оти таквата ситуација има негативно влијание врз авганистанската економија.

Мутаки нагласи дека талибанската влада ја гарантира безбедноста во Авганистан во однос на заканата од терористичките групи.

– Фактот дека новата држава во Авганистан не е официјално признаена е добро за Исламска држава. Земјите ширум светот, од една страна, велат дека ги контролираат Авганистанците за да не емигрираат. Од друга страна, тие официјално не ја признаваат владата и даваат сила на ИД. „Тоа не е во интерес на Авганистан или на светот, посочи Мутаки.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес го погоди Авганистан

Османи на дискусија за поддршка на бранителите на демократијата од Авганистан: Македонија покажа одговорност кога тоа беше најпотребно

Орце Костов

Нов силен земјотрес го погоди западниот дел на Авганистан

Силен земјотрес е регистриран во Авганистан, на границата со Таџикистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан

Талибанците го прогласија за национален празник денот кога замина последниот американски војник