Муслимански лидер пронајден мртов во џамија во Израел

Од:

Лидерот на муслиманската заедница во израелскиот град Рамле пронајден е мртов денеска во една џамија, а околностите на неговата смрт се нејасни, соопшти полицијата.

– Телото било пронајдено, а подоцна идентификувано како Мухамед Таџи, на возраст од околу 80 години – изјави портпаролката на полицијата Луба Самри, наведувајќи дека на телото нема видливи знаци на насилство и крв и дека е отворена истрага.

Градоначалникот Џоел Лави, кој ја познавал жртвата, изјави за израелските медиуми дека е “во апсолутен шок”, истакнувајќи дека Таџи беше “сакана личност” кој работел неуморно на приближување на локалните муслимански и еврејски заедници.

Таџи ја предводеше институцијата одговорна за управување со муслиманските имоти и згради.

Градот Рамла е во близина на Тел Авив, и е еден од најсиромашните во Израел – 80 отсто од населението се Евреи, а останатите се израелски Арапи, вклучувајќи и муслимани и христијани, наведува АП.

Би можело да ве интересира

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран

Нов состанок на воениот кабинет на Израел

Иран: Следниот напад ќе биде за неколку секунди

Катерина Ѓуровски

Израел потврди дека ќе се одмазди, раздор во кабинетот на Нетанјаху

Катерина Ѓуровски