Мун: Ако Токио сака дијалог ќе пружиме рака

Од:

Претседателот на Јужна Кореја, Мун Џае-ин денеска изјави дека Јапонија треба да се осврне на своето империјалистичко минато, но оти Сеул ќе пружи рака ако Токио избере дијалог.

Мун, во говорот по повод Денот на ослободување на Кореја од јапонската колонијална власт (1900 – 1945) и годишнината од капитулацијата на Јапонија, предупреди дека светската слободна трговија би можела да биде загрозена ако некоја земја „како оружје го користи“ секторот во кој има водечка улога.

Јапонија и Јужна Кореја во моментот се во ескалирачки трговски спор.

Мун наведе дека двете соседни земји можат да го надминат минатото и да тргнат напред во иднината, ако Јапонија „размислува за своето минато кое им донесе несреќа на неговите соседи“.

– Подобро некогаш отколку никогаш: Ако Јапонија го избере патот на дијалог и соработка, со задоволство ќе и се придружиме, посочи Мун

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Силен земјотрес од 6,1 степен ја погоди Јапонија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Седуммина мртви во превртениот танкер кај Јапонија

ВИДЕО: Кај Јапонија се преврте танкер

Катерина Ѓуровски

Јапонија влезе во рецесија, Германија стана трета најголема економска сила

Силен земјотрес ја погоди Јапонија

Два авиони се судрија на писта, нов инцидент во Јапонија