Можно продолжување на строгите мерки во Германија и во февруари

Од:

Германската канцеларка Ангела Меркел сака да ги продолжи строгите мерки на „заклучување“ до 15 февруари со цел да се запрат новите инфекции со коронавирусот, објави денеска германски „Билд“, повикувајќи се на предлогот на резолуцијата на сојузната влада, а пренесе Ројтерс.

Меркел денеска треба да одржи состанок со премиерите на федералните држави во Германија, на кој ќе разговараат за продолжување на сегашната строга мерка за заклучување според која се затворени поголемиот број продавници кои не се приоритетни и училиштата, но и за воведување нови ограничувања, наведува германскиот весник.

Канцеларката и другите членови на Владата веќе предупредија дека мерките може да бидат продолжени по јануари поради лошата состојба со епидемијата „Ковид 19“ во земјата.

Би можело да ве интересира

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија

Германски медиуми: Во Европа откриено складиште за оружје на Хамас

Германија: Стапи на сила законот за декриминализирање на поседувањето канабис

Над 20 повредени во нова автобуска несреќа во Германија-патниците биле средношколци

Горан Наумовски