Можно е решавање на убиството на Палме

Од:

Еден од најмистериозните атентати во светот, убиството на шведскиот премиер Улоф Палме пред 34 години, се уште може да има разрешница. Имено, главниот обвинител во случајот, Кристер Петерсон изјави дека е „убеден дека може да изнесе што се случило и кој е одговорен за тоа“.

– Мојата цел е да го претставам (обвинението во овој случај) во првата половина на 2020 година, истакна Петерсон за шведската телевизија СВТ.

Тој додаде дека е оптимист за тоа прашање.

– Работевме напорно и имаме индиции во кои прилично веруваме, посочи Петерсон.

На прашањето дали истрагата е поблизу до решавање на случаите, Петерсон одговори: „Според мое мислење, да“.

Петерсон, кој не го именуваше можниот осомничен и не прецизираше кога ќе биде пуштено обвинението, истакна дека во спротивно случајот ќе биде затворен.

Палме беше убиен во Стокхолм на 28 февруари 1986 година, откако се враќаше од кино со неговата сопруга Лизбет.

Би можело да ве интересира

Во Стокхолм: Убиен е татко пред очите на неговиот син

Шведска ја избра песната за Евросонг: победи „Unforgettable“

Шведската полиција уапси четворица терористи

Балтикот стана „НАТО море“ – По 200 години неутралност Шведска стана 32 членка на Алијансата

Шведска е во НАТО, Унгарија даде зелено светло

Шведска: Осум лица хоспитализирани по инцидент во седиштето на шведската служба за безбедност