Можно е продолжување на вонредната состојба во Токио

Од:

Јапонскикот премиер Јошихиде Суга денеска изјави дека Владата разгледува двонеделно продолжување на вонредната состојба на подрачјето на Токио поради забавениот пад на број на инфицирани лица со Ковид-19.

– Мислиме дека ќе бидат потребни околу две недели, па сакам да донесам конечна одлука откако ќе ги сослушам мислењата на експертите, посочи Суга.

Гувернерот на Токио, Јурико Коике наведе дека иако е забележан пад на бројот на заболени со Ковид-19 во споредба со почетокот на јануари, но оти е загрижувачки забавениот тренд на намалување на новозаразените.

Јапонската Влада во јануари воведе рестриктивни мерки во 11 од вкупно 47 префектури до 7 март, а подоцна ги укина мерките во сите префектури освен на поширокото подрачје на Токио, во кои се спаѓаат префектурите Канагава, Саитама и Чиба.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Силен земјотрес од 6,1 степен ја погоди Јапонија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Седуммина мртви во превртениот танкер кај Јапонија

ВИДЕО: Кај Јапонија се преврте танкер

Катерина Ѓуровски

Јапонија влезе во рецесија, Германија стана трета најголема економска сила

Силен земјотрес ја погоди Јапонија

Два авиони се судрија на писта, нов инцидент во Јапонија