Можно е групата Исламска држава самата да произвела отровен гас иперит, што таа веќе го користеше во Ирак и Сирија, денеска изјави генералниот директор на Организацијата за забрана на хемиските оружја (ОЗХО), Ахмет Јузумџу, цитиран од француските медиуми.
-Гасот беше со многу лош квалитет, но и покрај се беше отровен, изјави Јузумџу во ексклузивно интервју за Франс прес.
„Тоа е исклучително чудно, особено ако се знае дека во овие држави има странски борци, кои е можно еден ден да се вратат во земјите од кои потекнуваат“, подвлече тој.
ОЗХО од август истражува над 20 пријави за користење на хемиски оружја во Сирија, забележа генералниот директор на организацијата.
-Правиме се што е можно да собереме информации за ваквите обвиненија за да оцениме дали се точни или не, и да ги продлабочиме нашите истраги, додаде тој.