Можна средба на Путин и Зеленски на самитот Г20

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски би можел да присуствува на самитот на Групата 20 (Г20) најразвиени економии во Индонезија, доколку таму е присутен рускиот претседател Владимир Путин, изјави денеска советникот на украинскиот лидер Михаил Подољак.

„Мислам дека прашањето за присуството на украинскиот претседател ќе биде решено како што се приближува самитот. Ако Путин е присутен, тогаш, се разбира, ќе треба да размислиме за потребата од наше присуство“, рече Подољак во интервју за BBC News Ukraine.

Како што рече Подољак, Зеленски од почетокот на конфликтот во Украина не ја напуштил земјата, а со странските политичари комуницирал преку видео врска, но во случај на посета на Путин на самитот, тој би можел лично да присуствува на настанот.

Во исто време, според Подољак, посетата на рускиот лидер на кој било самит индиректно значи легитимирање на руските акции против Украина, пренесува РИА Новости.

Самитот на лидерите на Г-20 ќе се одржи на Бали во ноември.

Би можело да ве интересира

Зеленски го потпиша Законот за мобилизација во Украина

На Путин му беше врачен претседателски сертификат: ЦИК ја потврди неговата победа на изборите

(ВИДЕО) Украинците објавија снимка: Вака изгледа град кој го напаѓаат Русите

САД одделно ќе гласа за помош на Украина и Израел, републиканците на Трамп се закануваат

Русите ги распоредуваат моќните ракети „Кх-69“

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Американски снајперист во Украина: Мора да го запреме Путин