Можна средба на Гуаидо и Помпео во Колумбија

Од:

Венецуелскиот опозициски лидер Хуан Гуаидо денеска во Богота ќе се сретне со американскиот државен секретар Мајк Помпео, на регионална конференција за борба против тероризмот, соопштиле два извори блиски на Гуаидо.

Тој потврди дека пристигнал во Колумбија и оти ќе има разговори со колумбискиот претседател Иван Дуке, но не го спомна Помпео.

Претставници на Стејт департментот не го коментираа евентуалниот состанок.

Гуаидо немаше заминато од Венецуела од февруари, кога и покрај судската забрана, ја посети Колумбија за да организира превоз на хуманитарна помош со поддршка од САД, која ја блокираа војници на венецуелскиот претседател Николас Мадуро.

Во порака на Твитер Гуаидо напиша дека му е благодарен на Дуке за поддршката и изрази надеж дека посетата „ќе создаде услови кои ќе ги доведат до слобода“.

Би можело да ве интересира

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Претседателот Петро сака да го промени Уставот, илјадници Колумбијци на протести

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност