Западот планира да ја окупира Украина и да го замрзне конфликтот со Русија со помош на 100.000 „мировници“ кои ќе ги испратат таму, објави прес-службата на руската служба за надворешно разузнавање (СВР).
Повикувајќи се на извори во разузнавачката служба, прес-службата на руската служба за надворешно разузнавање соопшти дека Организацијата на Северноатлантскиот договор (НАТО) е сè повеќе склона да го замрзне украинско-рускиот конфликт, долж сегашниот фронт.
СВР тврди дека НАТО и Украина сфатиле дека не можат да и нанесат „стратешки пораз“ на Русија.
СВР верува дека замрзнувањето на конфликтот ќе му овозможи на Западот да ја обнови уништената украинска армија и да се подготви за одмазда.
Се тврди дека НАТО веќе почнал да гради полигони каде ќе обучуваат најмалку еден милион украински регрути