Москва: Западот мора да престане да ја вооружува Украина, ова станува критично

Од:

Рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Рјабков во средата го повика Западот да престане да ја вооружува Украина и ја нарече ситуацијата околу европската безбедност „критична“, пренесе Интерфакс.

Претходно, Кремљ соопшти дека тензиите околу Украина се зголемуваат и предупреди за испорака на оружје, воени маневри и летови на авиони на НАТО, на што меѓународните партнери на Русија треба да обрнат внимание.

Рјабков рече дека не верува дека постои закана од голема војна во Европа или на друго место и дека Москва нема планови за инвазија или освојување на Украина. Сепак, заканата Украина да стане уште поинтегрирана во НАТО е нешто што директно влијае на руските национални и безбедносни интереси, рече тој.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков изјави дека Москва се надева оти наскоро ќе пристигнат писмени одговори на нивните предлози за безбедносни гаранции. Од друга страна, Киев им се заблагодари на САД за воената помош.

Неколку западни земји најавија воена помош за Украина во последните денови, а Вашингтон најави дополнителни 200 милиони долари во средата.

Во понеделникот британскиот министер за одбрана најави дека ќе и достави на Украина лесно противтенковско оружје, додека Канада ќе распореди мал контингент специјални сили.

„Како што рековме, ние сме посветени на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина и ќе продолжиме да ѝ ја даваме потребната помош“, изјави анонимен американски функционер, не откривајќи за каква помош станува збор.

На крајот на годината, дури и пред акумулацијата на руските трупи на украинската граница, Соединетите држави испорачаа воена помош од 450 милиони американски долари на Киев.

Би можело да ве интересира

Стејт департментот официјално ја потврди тајната испорака на ракети со долг дострел на Украина

Бајден го потпиша законот за воена помош за Украина

Горан Наумовски

Руските војници ја уништија работилницата на украинската армија за производство на беспилотни летала

Нова корупциска афера во Украина, осомничен е министер за земјоделство

Русите прават голем напредок во источна Украина

Кина ги отфрли обвинувањата дека ја поддржува руската инвазија на Украина