Москва за откажување на нуклеарните преговори со САД: Немавме друг избор

Од:

Москва денеска објави дека немала „друг избор“ освен да ги откаже преговорите со Соединетите Американски Држави за договорот „Нов старт“ за контрола на нуклеарното оружје, објавија руските државни новински агенции.

Заменик-министерот за надворешни работи Сергеј Рјабков рече дека Вашингтон сака да разговара за обновување на инспекциите додека Москва имала други приоритети.
Како што наведуваат агенциите, и ситуацијата во Украина влијаела на одлуката на Русија во последен момент да го откаже состанокот на билатералната комисија што требаше да започне денеска во Каиро.

„Во суштина, ситуацијата беше таква што немавме друг избор. Одлуката беше донесена на политичко ниво“, изјави Рјабков.

„Американците се фокусираа исклучиво на темата за обновување на инспекциите, додека решавањето на други прашања беше и останува приоритет за нас. Неколку пати ја објаснивме нашата позиција, но не видовме ниту најмала желба од американската страна да се движи во оваа насока“, додаде тој.

Рјабков, исто така, рече дека допговорот „Нов старт“ останува на сила, и покрај недостигот на меѓусебни инспекции и одлуката на Русија да се откаже од разговорите во последен момент.

Тој нагласи дека Москва сака да разговара за поширокото прашање за „стратешка стабилност“ што опфаќа многу прашања поврзани со нуклеарното оружје меѓу двете земји.

Договорот „Нов старт“ стапи на сила во 2011 година и го ограничува бројот на нуклеарни боеви глави што можат да ги распоредат двете земји. Русија и САД требаше да разговараат во Каиро за продолжување на инспекциите кои беа суспендирани во март 2020 година поради пандемијата на „Ковид-19“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Убиен е полицаец во Москва, негов колега е ранет

(ВИДЕО) Силно невреме во Москва, ветерот носеше се пред себе

Русија официјално ја обвини Украина за масакрот во Москва

Уапсен е уште еден осомничен кој учествувал во финансирањето на терористичкиот напад во Москва

Горан Наумовски

Се зголемува бројот на загинати во терористичкиот напад во Москва, едно од повредените лица почина

Горан Наумовски

Бројот на повредени во нападот во Москва се зголеми на 360

Горан Наумовски