Московската патријаршија соопшти дека е во тек изградбата на 27 православни храмови во предградијата на рускиот главен град, објави верската Информативна Агенција.
Целта е, како што е наведено, да се изградат 200 храмови, иако не е утврден крајниот рок.
“Програм 200” ја има поддршката од градската и државната власт. Меѓутоа, како што се соопштува, во најмалку 20 случаи на градењето храмови, се противат жители те на градските реони.
Причините не се обелоденети, иако се знае дека постојат случаи на противење, за да се жртвува парк, игралиште, или плоштад за храмот.
Постојат, исто така противења, верските објекти да се градат во близина на училишта. Во исто време, московскиот градоначалник Сергеј Собјанин повторно се спротивстави на идејата за издавање дозвола за изградба на голема џамија.
Верниците од муслиманска вера, според него, веќе имаат неколку места каде што се собираат, а кога имаат голем празник, можат да го користат стадионот, предлагаат градските власти.
Собјанин изјави дека е во тек реновирањето на “,Соборната џамија”, и тврди дека таа е “доволна” – иако не е дозволено таа да се догради. Муслиманите од Москва, кои пријавени,кои непријавени и ги има и до два милиони, се изненадени од изјавата на градоначалникот.
Тие, се жалат на “нерасположението” на жителите на престолнината во однос на муслиманите.