Москва: САД се повеќе се директна страна во конфликтот

Од:

Секое можно американско заплена на руски резерви целосно ќе ги уништи билатералните односи меѓу Москва и Вашингтон, изјави шефот на Северноамериканскиот оддел во руското Министерство за надворешни работи, пренесе руската новинска агенција ТАСС.

Западот одговори на руската инвазија на Украина со економски, финансиски и дипломатски санкции, вклучително и замрзнување на приближно половина од златните и девизните резерви на Русија, вредни речиси 640 милијарди долари пред инвазијата на 24 февруари.

Највисоки западни функционери, вклучително и шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел, предложија запленување на замрзнатите резерви за да се помогне во финансирањето на идната реконструкција на Украина.

„Ги предупредуваме Американците на штетните последици од ваквите дејствија кои трајно ќе ги нарушат билатералните односи, што не е ниту во нивен ниту наш интерес“, изјави Александар Дарчиев во интервју за ТАСС.

Не е јасно на кои резерви мислеше.

Соединетите држави и нивните европски сојузници исто така замрзнаа 30 милијарди долари имот на богати поединци поврзани со рускиот претседател Владимир Путин, вклучувајќи јахти, хеликоптери, недвижнини и уметност, според администрацијата на Бајден.

Американското Министерство за правда побара пошироки овластувања од Конгресот за да ги заплени имотите на руските олигарси како средство за притисок врз Москва поради нејзините акции во Украина, изјави обвинител во јули.

Дарчиев рече и дека Русија ги предупредила САД дека дипломатските врски ќе бидат сериозно оштетени, па дури и може да бидат прекинати, доколку Русија биде прогласена за држава спонзор на тероризмот.

Говорејќи за ситуацијата во Украина, Дарчиев рече дека влијанието на САД врз Киев пораснало до тој степен што „Американците се повеќе стануваат директна страна во конфликтот“.

Дарчиев потврди дека има дискусии за можна размена на затвореници меѓу САД и Русија, во која би се вклучил Виктор Бут, затворениот Русин кој американските обвинители го споменуваат како еден од најважните трговци со оружје во светот, како и американската кошаркарска ѕвезда. Бритни Гринер и поранешниот маринец Пол Вилан, кои беа приведени од Русија, пренесува ТАСС.

Би можело да ве интересира

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област

ВИДЕО: Во руски напад урната ТВ кулата во Харков

Русија ја предупредува Европа: Ако ни го земете имотот, одговорот ќе боли

Додик отпатува за Русија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија