Москва: САД сакаат да распоредат оружје во вселената, а за тоа ја обвинуваат Русија

Од:

Москва ги отфрли американските и британските тврдења дека Русија тестирала противсателитско оружје во вселената, додавајќи оти обвиненијата од Вашингтон служат како оправдување на плановите на Вашингтон за распоредување  оружје во земјината орбита.

Американски и британски претставници вчера изјавија дека тестирањето на противсателитското оружје на 15 јули укажува на постојаните руски напори да развијат технологија со која би била загрозен вселенскиот имот на САД и нивните сојузници.

Руското Министерство за надворешни работи ги отфрли наводите, при тоа соопштувајќи дека експериментот од 15 јули не бил закана за другите вселенски објекти и оти е почитувано меѓународното право.

– Тврдењата се дел од информативната кампања за дискредитација на руските вселенски активности и нејзините мировни иницијативи за спречување на трката во вооружување во вселената, се наведува во соопштението на руското МНР.

Додека портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, истакна дека „Русија секогаш била и останала земја посветена на целосна демилитаризација на вселената и за нераспоредување на кој било вид на оружје  во вселената“.

Претходно, руското Министерство за одбрана соопшти дека настанот од 15 јули вклучувал „мало вселенско возило“, кое „прегледало еден од националните сателити од непосредна близина користејќи специјална опрема“.

Би можело да ве интересира

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

Додик отпатува за Русија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија