Москва: САД бараат причина за војна во Персискиот Залив

Од:

Министерството за надворешни работи на Русија соопшти дека Москва е загрижена од зголемениот потенцијал за конфликт во Персискиот Залив, велејќи дека, по се изгледа, САД бараат повод за војна.

Минатата недела Русија го претстави пред странските дипломати во Москва својот нов концепт за безбедност во Заливот како одговор на растечките глобални тензии во близина на регионот.

– Добиваме впечаток дека Вашингтон едноставно бара изговор за ескалација на тензиите и за продолжување на својата агресивна реторика против Иран, по што би преминале во поактивна фаза на конфликтот, рече портпаролката на Министерството за надворешни работи Марија Захарова.

Според неа, настаните во регионот „навистина се движат до опасна точка и постои ризик од голем воен судир“.

– Ситуацијата се приближува до црвената линија, оцени Захарова.

Тензиите меѓу САД и Иран се на многу високо ниво од соборувањето на американскиот дрон, а потоа со запленувањето на иранскиот танкер со нафта кај Гибралтар.

Би можело да ве интересира

Почина еден од пилотите на рускиот воен авион кој се урна во Ставропол

Горан Наумовски

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност

Џонсон: Путин ќе продолжи да маршира низ Европа, Балканот може да биде следен

Горан Наумовски

Русија: Водостојот на реката Тобол достигна „опасно ниво“