Москва: Нашите односи со Вашингтон се во ќорсокак, ќе одговориме со сите расположливи средства

Од:

Москва ќе ги искористи сите расположливи средства за да се спротивстави на американската линија за нанесување стратешки пораз на Русија, вели заменик-шефот на руската дипломатија.

Сергеј Рјабков во интервју за Спутник истакна дека, практично, според сите показатели што може да се замислат од гледна точка на билатералниот дијалог со Соединетите Американски Држави, ситуацијата во моментов е доведена во ќорсокак.

„Нашите односи дојдоа до овој ќорсокак поради антируската линија на Вашингтон, која од година во година, месец по месец станува се поостра во последните неколку години. Целата безбедносна ситуација, вклучително и контролата на оружјето, се покажа како заложник во рамките на американската линија за нанесување стратешки пораз на Русија“, објасни дипломатот.

Рјабков рече дека Русија ќе се спротивстави најодлучно, користејќи ги сите расположливи средства и начини.

Би можело да ве интересира

Америка и испраќа на Украина нов пакет помош во оружје и опрема, вреден 350 милиони долари

Македонските „Сухои“ донирани на Украина, ама корист само за резервни делови

Горан Наумовски

Членките на ЕУ планираат да достават еден милион артилериски гранати во Украина

Путин го поздрави кинескиот план за Украина

Украина очекува Кина да го искористи своето влијание врз Русија за да стави крај на војната

Украинска армија: Овој град наскоро би можел да стане втор Бахмут

Ана Ололовска