Москва ја поздрави најавата на Бајден за деескалација на односите меѓу Русија и САД

Од:

И покрај воведувањето нови санкции и најавите за реципрочно протерување американски дипломати од Москва, Кремљ денеска ја поздрави најавата на американскиот претседател Џо Бајден да не се дозволи натамошно зголемување на тензиите меѓу Русија и САД, јави ДПА.

-Рускиот претседател Владимир Путин постојано повторува дека нашата земја е подготвена за пошироки разговори доколку и другите се подготвени, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Песков кажа дека Путин е против ескалација на односите меѓу двете земји.

-Во овој поглед, позитивно е што ставовите на двајцата лидери коресподнираат, рече Песков.

„САД не сакаат да почнат циклус на ескалација и конфликт со Русија“, рече Бајден во претходните настапи од Белата куќа и додаде дека тие „сакаат стабилна, предвидлива врска“.

Но, американскиот претседател, исто така, предупреди дека „доколку Русија продолжи да се меша во нашата демократија, јас сум подготвен да преземам натамошни активности за да одговорам“.

САД вчера протераа 10 руски дипломати и воведоа серија нови санкции, како одмазда, меѓудругото, за кибер нападите што и ги припишуваат на Русија и наводното мешање во изборите во САД.

Руското Министерство за надворешни работи овие активности ги нарече „неприфатливи“ и најави возвратни мерки.

-Принципот на реципроцитет во ваквите работи не е укинат, повтори денеска Песков, додавајќи дека оваа одлука ќе ја донесе Путин.

Би можело да ве интересира

Додик отпатува за Русија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски

Русите бесни поради одлуката на САД за нова помош за Украина: „Ова ќе заврши со понижување“

Орце Костов