Москва го повика Дамаск да го прифати дијалогот со опозицијата

Од:

Москва го повика Дамаск во иднина да го прифати дијалогот со опозицијата, давајќи им на тој начин отпор на провокациите, денеска изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, кој во Москва ги почна преговорите со својот сириски колега Валид Муалем, пренесоа руските медиуми.

Сириското раководство „во иднина треба да се изјаснува за почнување на дијалог, да не дозволува провокациите да земаат надмоќ, рече Лавров. „Политичкото уредување нема никаква прифатлива алтернатива, сите прашања треба да бидат усогласувани во рамки на дијалогот меѓу владата и опозицијата“, додаде тој.

Валид Муалем изјави дека Дамаск е подготвен да преговара со опозицијата, вклучувајќи и со вооружената.

-Подготвени сме за дијалог со сите кои го сакаат. Дури и со луѓето кои зеле оружје во раце. Затоа што сме убедени дека реформите нема да дојдат преку крвопролевање, туку само преку дијалог, истакна тој.

Според министерот за надворешни работи на режимот во Дамаск, позицијата на Русија ја приближува Сирија кон излезот од кризата, додаваат руските медиуми.

Би можело да ве интересира

Путин: Нема да дозволиме Киев да стане нуклеарна сила

А1он

Поранешен шеф на МИ-6 тврди: Европа е во војна со Русија

Рјабков: Русија ќе го натера Вашингтон да стресе и да замолчи

Големиот напад на Русија врз украинските електрани, експлозии низ целата земја

ВИДЕО: Пукање во центарот на Москва

Предраг Петровиќ

Русија ќе продолжи да лансира интерконтинентални балистички ракети