Москва ги осуди тврдењата на Зеленски за поделба на светот

Од:

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова ја осуди изјавата на украинскиот претседател Володимир Зеленски дека Русија планира да го подели светот.

– Ги отфрламе и осудуваме фантазмагоричните забелешки на главниот слуга на украинскиот народ за наводните руски планови за преобликување на светот… тврдејќи дека Русија се обидува да ги врати сферите на влијание, Зеленски признава дека неговата земја е во сфра на странско, но не на руско влијание, посочи Захарова.

Таа додаде дека Москва не е изненадена од уште една воинствена изјава од Зеленкски и неговиот обид да го уплаши целиот свет со руската закана.

Во видео обраќањето по повод 75-годишнината од Генералното собрание на Обединети нации, Зеленски ја обвини Русија за агресија врз Украина и за обид за обновување на сферите на влијание во светот.

Би можело да ве интересира

Голема поплава на границата меѓу Русија и Казахстан, десетици илјади луѓе евакуирани

Русија се огласи за нападот на Иран на Израел

Катерина Ѓуровски

Нов воздушен напад во Луганск

А1он

Холандија и дава уште 400 милиони евра на Украина

Русија: Подгответе се за безусловна капитулација на Украина

Горан Наумовски

Четири лица загинаа во рускиот напад на Одеса, меѓу кои и 10-годишно девојче