Москва: Еден од соборените пилоти бил убиен уште во воздух

Од:

Еден од двајцата пилоти на рускиот авион Су-24, што денеска беше собрен со ракета од страна на турски ловец Ф-16, бил убиен уште додека по катапултирањето се спуштал кон земјата, соопшти вечерва началникот на Главната оперативна управа на Генералштабот на руските Вооружени сили, Сергеј Рудској.

dobivaj vesti na viber

Тој нагласи дека пилотот бил убиен кога група сириски бунтовници стрелале кон него додека се призмејувал со падобранот.

– Според привчните податоци со кои располагаме едниот од пилотите бил убиен од земја и починал уште во воздухот, додаде Рудској.

Ваквата верзија претходно денеска ја објавија и сириските бунтовнци, кои тврдеа дека по катапултирањето, едниот пилот бил убиен од бунтовничките сили, а другиот се води како исчезнат.

Вечерва во Анкара претставник на турската Влада, кој побарал анонимност, меѓутоа соопшти дека Турција располага со информации оти двајцата руски пилоти се живи. Тој дополни дека Турција се обидува да ги пронајде пилотите и да ги евакуира, јавија турските медиуми.

Друг анонимен претставник на турските власти во изјава за западни медиуми нагласи дека Анкара се обидува да издејствува ослободување на руските пилоти, кои, според него, се наоѓаат во рацете на сириските бунтовници.

Попладнево пак турски медиуми објавија дека двајцата пилоти биле ликвидирани од припадници на туркменска бунтовничка група во Сирија.

– Ние ги убивме двајцата пилоти, веднаш по нивното приземјување со падобран, изјавил претставник на оваа бунтовничка група за агенцијата Доган и за телевизијата Си-Ен-Ен Турк.

Рускиот Су-24 беше собрен претпладнево од страна на турски ловец Ф-16, откако, како што тврди Анкара, авионот го нарушил воздушниот простор на Турција.

Руското Министерство за одбрана од своја страна соопшти дека нивниот авион летал во набљудувачка мисија над сириската територија и не го повредил турскиот воздушен прпстор.
Рудској вечерва го повтори руското тврдење дека кога бил погоден авионот летал над Сирија и бил одалечен четири километри од границата со Турција.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Њујорк тајмс објави снимка: „Вака Путин го играше Западот 20 години“

Ана Ололовска

Русија им забрани влез во земјата на 154 членови на британскиот парламент

Ана Ололовска

Русија ја укинува горната старосна граница за пријавување во војска

Ана Ололовска

Лајен: Русија ја користи храната како оружје, ЕУ не смее да падне во нова замка на зависност

Ана Ололовска

ВИДЕО: Русија првпат од почетокот на војната одржа заеднички воени вежби со Кина

Предраг Петровиќ

Грција ќе го плаќа рускиот гас во рубљи

Leave a Comment

seventeen − 12 =