Московската полиција уапси професор во чија куќа се пронајдени 14 килограми радиоактивен материјал, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи.
Професорот рекол дека материјалог го користел да озрачи пријател кој сакал да стане бесмртен.
Наводно додал дека неговиот пријател одел на местото на нуклеарната катастрофа крај Чернобил за да „се изложи на радијација и стане бесмртен“.
Професорот додал дека радиоактивни предмети наоѓал на „специјални места и гробници“. Против него ќе биде подигнато обвинение за „илегална продажба на нуклеарен материјал или радиоактивни супстанци“ за што е предвидена казна до седум години затвор.