Морисон: Американски ракети нема да бидат распоредени во Австралија

Од:

Американски ракети со среден дострел нема да бидат распоредени во Австралија, изјави австралискиот премиер Скот Морисон, откако САД соопштија дека планираат поставување проектили во азиско-пацифичкиот регион.

По разговорите во Сиднеј изминатиот викенд, официјални претставници на двете држави се заложија дополнително да се спротивстават на кинеските активности во регионот, кое двете држави оценуваат дека е со цел зголемување на кинеското влијание во регионот.

За време на разговорите, американскиот министер за одбрана Марк Еспер изјави дека се надева оти САД ќе распореди ракети во азиско-пацифичкиот регион, што се случува откако Вашингтон се повлече од Договорот за разоружување со Русија.

Неговата изјава предизвика шпекулации дека се зборувало за распоредување ракети во Австралија, но Морисон негира дека бил замолен да го стори тоа и додаде дека Австралија ќе одбие такво барање доколку во иднина биде изнесено.

Би можело да ве интересира

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Момчето кое уби епископ е обвинето за тероризам, oдлучија обвинителите од Сиднеј

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност