Морено го укина законот кој предизвика насилни протести во Еквадор

Од:

Претседателот на Еквадор, Ленин Морено го повлече законt, со кој беше предвидено намалување на субвенциите на гориво, по повеќедневните насилни протести против мерката која имаше поддршка од Меѓународниот монетарен фонд.

Морено потпиша указ со кој се враќаат претходните цени на горивата.

Потпишувањето на декретот претставува удар за Морено и ја доведува во прашање фискалната политика на Еквадор, но претставува победа за домородните заедници, кои ги предводеа протестите предизвикувајќи хаос во Кито и нарушувајќи ја работата на нафтениот сектор.

Со законот на Морено беа укинати субвенциите, кои важеа четири децении. Се предвидуваше дека со укинувањето на субвенциите ќе се ослободат приближно 1,5 милијарди долари и ќе се намалеше дефицитот договорен со ММФ.

Би можело да ве интересира

Во амбасада на Мексико е уапсен поранешниот потпретседател на Еквадор, Хорхе Глас

Русија би можела да остане без банани

А1он

Политичарка во Еквадор ликвидирана сред бел ден

Горан Наумовски

Еквадор го испраќа „старото руско железо“ во Украина во замена за модерно оружје од САД

ВИДЕО: Брутални снимки од Еквадор, бандите мачат заробени полицајци и војници

Затворениците во Еквадор ослободија 11 вработени во затворот кои беа земени како заложници