Моравјецки ја обвини ЕУ за империјалистичко однесување кон помалите членки

Од:

Полскиот премиер Матеуш Моравјецки ја обвини Европската Унија (ЕУ) за империјалистичко однесување кон помалите земји членки во текст објавен денеска на веб страницата на германскиот „Велт“.

„Политичката пракса покажа дека позициите на Германија и Франција се поважни од сите останати“, додаде Моравјецки за германскиот весник и повика на пристап заснован на повеќе консензус.

Како што тврди полскиот премиер, имаат работа со формална демократија и де факто олигархија, каде најсилните ја држат власта. Тој додаде дека против империјализмот на ЕУ мора да има борба, како и против рускиот.

Премиерот, чија националистичка влада повеќепати доаѓаше во конфликт со Брисел околу прашања за владеење на правото, смета дека рускиот напад на Украина ги истакнал недостатоците на Европската Унија.

Моравјецки повика на „темелна реформа што би ги вратила општото добро и еднаквоста во прв план на принципите на унијата“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Полска: Претреси на неколку локации кои се дел од истрагата за наводна руска шпионажа

Горан Наумовски

Пијан провалил во козметички салон во Полска и заспал, го разбудила полицијата

Брисел и даде „зелено светло“ на БиХ за отворање на преговорите за пристапување во ЕУ

Горан Наумовски

Европската унија привремено ги укина царините за храна од Украина

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Тепачка, солзавец и шок бомби: Полициска пресметка со земјоделците во Варшава

Полска: Подготвени сме да го браниме НАТО од секаков напад