Моравецки: Да се воведат нови даноци за да се зголеми буџетот на ЕУ за борба против коронавирусот

Од:

Полската Влада бара воведување нови даноци во ЕУ со цел да се зголеми буџетот на Унијата потребен за борба против коронавирусот, изјави денеска полскиот премиер Матеуш Моравецки.

Според Моравецки, кој се обрати пред Долниот дом на Парламентот, ЕУ треба да дејствува смело.

– Треба да се вратиме на претходните идеи, рече тој, посочувајќи на данокот на дигитални услуги, финансиски трансакции, данок на јаглерод, данок на големи меѓународни корпорации.

Тој истакна дека овие идеи ќе донесат десетици милијарди евра нови средства во буџетот на ЕУ за борба против коронавирусот.

Моравецки укажа и на потребата да се стави крај на оф-шор компаниите.

Би можело да ве интересира

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Полска: Претреси на неколку локации кои се дел од истрагата за наводна руска шпионажа

Горан Наумовски

Терористите на ИСИЛ влегуваат во Европа преправајќи се дека се Украинци

Пијан провалил во козметички салон во Полска и заспал, го разбудила полицијата

(ВИДЕО) Тепачка, солзавец и шок бомби: Полициска пресметка со земјоделците во Варшава

Полска: Подготвени сме да го браниме НАТО од секаков напад