Моралес ќе распише нови претседателски избори во Боливија

Од:

Претседателот на Боливија Ево Моралес денеска објави дека ќе распише нови претседателски избори откако Организацијата на американски држави (ОАД) објави извештај во кој се вели дека резултатите од минатите избори, за кои тој беше избран за четврти мандат , треба да се поништат поради нерегуларности.

Моралес исто така најави дека ќе ги замени членовите на изборниот одбор, кои беа критикувани по изборите на 20 октомври.

Моралес синоќа повика на итни разговори со опозицијата поради повеќенеделните немири што ја зафатија земјата, и побара и од папата да се вклучи во разговорите.

Во немирите до сега загинаа три лица, а повеќе од 300 се повредени.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Каков хаос: Фудбалот стана ватерполо-судијата го продолжи мечот за 42 минути сред невреме

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Се изгубил во џунгла и преживеал 31 ден: Пиел дождовница и јадел црви

Катерина Ѓуровски

Поранешната боливиска претседателка осудена на 10 години затвор

Најмалку 12 лица загинаа во поплави во Боливија

А1он

Речиси 150.000 хектари шума уништени во пожари во Боливија

А1он

Поранешниот боливиски лидер Ево Моралес позитивен на коронавирусот

Ана Ололовска