„Монструмот“ од Австрија се разведува од жена му

Од:

„Австрискиот монструм“ Јозеф Фрицл, кој со години во подрумот ја чувал во заробеништво својата ќерка со која имаат седум деца, се развел од својата сопруга со која бил во брак 55 години, бидејќи не го посетувала во затворот.

Разводот, кој е званично завршен и прогласен пред неколку седмици, всушност претставува казна за 77-годишната Розмари Фрицл која веќе нема да може да ја подига пензијата на својот сопруг, пишува во неделникот „Њуз“.

Адвокатот на Фрицл, Николаус Раст, кој е задолжен за бракоразводната парница, одбил да ја коментира веста.

Фрицл својата ќерка Елизабет 24 години ја држел затворена во подрумот од својата куќа во Амштетен во центарална Австрија, каде сексуално ја злоставувал.

Монструозниот случај на инцест беше откриен во април 2008 година, кога Елизабет стигнала во болница поради болест на една од своите ќерки, а потоа и’ се обратила на полицијата.

Би можело да ве интересира

Голема лавина во Австрија: Четворица затрупани во снег, тројца мртви

Србин е уапсен во Австрија за силување жена

Селекторот на Австрија отстрани тројца играчи од тимот поради хомофобија

Tри борбени кучиња во Австрија убија жена, сопственичката на животните е осудена

Авганистанец е осомничен за убиството на три сексуални работнички во бордел во Виена

Горан Наумовски

За помалку од 24 часа во Виена се убиени четири жени и едно девојче