Монитор: Исламска држава ги нападна сириските сили во Хомс

Од:

Во централна Сирија повторно почнаа борби откако милитантите на Исламската држава ги нападнаа владините сили во провинцијата Хомс, соопшти сирискиот Центар за мониторинг на човековите права, јави ДПА.

Центарот, чие седиште е во Велика Британија, соопшти дека борбите меѓу двете завојувани страни се уште траат во околината на селото ал-Сухнах, источно од Хомс.

Нападот ги натера руските воени авиони да извршат напади врз позициите на Исламска држава во областа, соопшти Центарот, додавајќи дека во судирите досега загинале 18 припадници на владините сили и нивните сојузници, како и 11 припадници на Исламска држава.

Основачот на Центарот, Рами Абдел Рахман, за ДПА изјави дека милитантите на Исламска држава успеале да освојат контрола врз делови од ал-Сухнах.

Исламска држава се уште е присутна во некои пустински делови на Хомс, иако сириските курдски Демократски сили (СДФ), кои се поддржани од САД, минатата година објавија победа врз екстремистичката група, откако го зазедоа последното нивно упориште во источна Сирија, пренесе ДПА.

Би можело да ве интересира

Македонија се усогласи со дополнителните санкции на ЕУ за Исламска држава и Ал Каеда

Катерина Ѓуровски

По масакрот во Москва, Исламската држава се врти кон Европа и Америка

ВИДЕО: Експлозија на пазар во Сирија, најмалку седуммина мртви и 30 повредени

Израел нападна сириски град, 38 загинати

Исламската држава го пофали терористичкиот напад во Москва

Горан Наумовски

ВИДЕО: Израел го нападна Дамаск