ВИДЕО: Момче отвори оган врз автобус во Русија, уби четворица луѓе и избега

Од:

Вооружен тинејџер отворил оган кон автобус и постојка во градот Бор во регионот на Нижни Новгород, убивајќи четворица луѓе, јавија руските медиуми.

Во нападот што се случи доцна попладнево, тешко се повредени и три жени, соопшти полицијата.

Според локалните медиуми, момчето родено во 2002 година, идентификувано како Данил Монахов, прво имало расправија со сопствената баба, која ја застрелал во нејзината куќа, каде и самиот живеел.

По ова, Монахов пукал и во сосед на жената, кој притрчал кога ги слушнал истрелите. Напаѓачот извадил друг пиштол, излегол на улицата и пукал во автобус кој стоел на постојка полна со луѓе.

Полицијата соопшти дека се уште трага по вооруженото 18-годишно момче, кое според очевидците, по нападот избегало во правец на блиската шума.

Би можело да ве интересира

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски

Русите бесни поради одлуката на САД за нова помош за Украина: „Ова ќе заврши со понижување“

Орце Костов

ВИДЕО: Пукање на забава: Има мртви, неколку повредени

Предраг Петровиќ